Monday 7 May 2018

за 8 одд астрономија

http://skoool.mk/fizika/napredno

звук 9 одд

http://skoool.mk/node/441
http://archive.teachfind.com/ttv/www.teachers.tv/videos/ks3-physics-sound.html
https://www.youtube.com/watch?v=qbOjxPCfaFk

прашања за тест за 9 одд ЗВУК

Осцилации и бранови. Звук


1.  Наведи неколку примери (3) кога тела изведуваат механички осцилации.

2.  Кое движење сме го нарекле периодично движење?


3.  Обиди се да ги објасниш поимите: осцилација, елонгација, амплитуда, период на осцилирањето, фреквенција.


4.  Како го опишавме математичкото нишало?


5.  Која појава сме ја нарекле механичка резонанција?


6.  Што е бран или браново движење?


7.  Како сме ги поделиле брановите?


8.  Што е брег, а што дол?


9.  Што означуваат знаците во равенката v = λ /T , 
v - _______, λ - _____________, T - _______?


10. Кои се заеднички својства на сите бранови?


11. Кое тело сме го нарекле звучен извор?


12. Како сме го поделиле звукот?


13. По што се разликува секој тон?


14. Што е праг на чујност?


15. Во какви бранови спаѓа звучниот бран?


16. Од што зависи брзината на звукот низ воздух?


17. Што е инфразвук, а што ултразвук?


18. Која наука го проучува звукот?


19. Кои се карактеристиките на тонот?


20. Со што е определена брановата должина?


21. Има случаи кога не се слуша тонот иако прачката осцилита, а сие случаи се _______.


22. Што е ехо и каде наоѓа примена?


23. Како настануваат трансферзалните бранови?


24. Како настануваат лонгитудиналните бранови?



1. Покрај определена точка во една секунда поминуваат 50 бранови со должина од 2 метри. Твоја задача е да ја определиш фреквенцијата и брзината на бранувањето.


2. Пресметај колку изнесува длабочината на морето ако мерачот на длабочини по испраќањето на звучниот бран, одбиениот бран му се вратил по 200 милисекунди. (брзината на звукот во водата е 1400 m/s)


3. Најди ја фреквенцијата на бранот ако неговата брзина на движење е 36 km/h, а неговата бранова должина е 2 метри.


4. Миле удира на една метална ограда која е оддалечена 200 метри од ѕидот. По секој удар тој го слуша одекнувањето 1,2 секунди подоцна. Пресметај ја брзината на звукот.


5. Кога ќе се удри едниот крај на мостот, по 2 секунди звукот ќе се чуе на другиот крај од мостот. Колку е долг мостот ( v = 4800 m/s ) ?


6. Брзината на звукот во воздух изнесува 340 m/s , звучните бранови на тамбурата се со должина од 2m. Пресметај ја фреквенцијата на бранувањето од тамбурата?
7. Во едно стаклено ѕвоно е ставен часовник – будилник. Размислете дали ако од ѕвоното се извлече воздухот со помош на вакум пумпа, будилникот ќе може да не разбуди?



Tuesday 27 March 2018

Прашања за тест физика 8 одд Оптика и енергија



1.Светлински извор е ? Како ги делиме ?
2.Секундарен светински извор е?  ,и наведи пример.
3.Што е сенка?Што полусенка како се добива
4.Затемнување на месечина настанува кога ?.Скицирај како тоа изгледа !
5.Закон за одбивање на светлина гласи?
6.Што е рефракција
7.Блесокот што го гледаме од површините на некои тела ни покажува дека таа површина е ?
8.На сликата графички е претставено одбивање на еден светлински зрак.Напиши ги имињата на елементите означени со симболите :
sl1.jpg
9.Според правецот на прекршениот зрак , определи во која средина е брзината на светлина поголема и која оптичка средина е погуста ?
Погуста средина е____________ , а брзина на светлина е поголема во_____________
Screenshot_1.png .
10.Аголот меѓу упадниот и одбиениот зрак е 70 °.Колкав е аголот на одбивање . Скицирај !
11.Од изворот ,низ провидна хомогена средина ,светлината се простира_________________________кое графички го представуваме со ?.Нацртај цртеж!
12.Примарен светински извор е_?  ,и наведи пример .Природен вештачки со пример
13.Телата низ кои поминува светлината се______________________тела а низ кои не поминува се _______________________________тела.
14.Затемнување на сонцето настанува кога?.Скицирај како тоа изгледа !
15.Кога светлинскиот зрак поминува од една во друга провидна средина со различна оптичка густина се случува појавата _________________________и таа е резултат на ____________________брзина во двете средини.
16.Што е рефлексија и како гласи законот за рефлексија?
17.Блесокот што го гледаме од површините на некои тела ни покажува дека таа површина е ?
18.Што е оптичка средина ?наброј примери .Дали каменот е оптичка средина ?
19.Што е светлински сноп ? Дифузна светлина?
20 .Како настанува сенка  и кога ?
21.Што е перископ ,нацртај го , каде се користи ?
22.Од кои површини можеш да се огледаш ? Дали можеш да се огедаш од бојадисан ѕид , а од бел лист хартија .Објасни го одговорот .
23. Како ја гледаме Месечината од Земја ? Дали таа е луминозен(светлечки )  или нелуминозен објект ?
24.а)Колкава е брзина на светлина низ стакло ако индекс на прекршување е 1,5 .ако брзина на светлина низ вакум (воздух ) е 300 000 км/ѕ ? Со која формула се определува индекс на прекршување ?
б)Брзина на светлина во вода е 225 000 км/ѕ , во воздух 300 000км/ѕ , колкав е индекс на прекршување воздух- вода ?
25.Како човекот добива енергија ?
26.Во што се мери енергија ?
27.За што ја користиме сончевата енергија?
28.Кои видови енергија знаеш , наброј ги .
29.Која е формула за потенцијална енергија , а која за кинетичка ?
30 . Кои извори за добивање електрична енергија знаеш ? (гледаве клипови потсети се )
31.Енергија не може ниту да се создаде ниту да исчезне , таа може само ....
Закон за зачувување на енергија ?