Saturday, 13 April 2019

ГЕНЕРАТОР НА ЗВУК

На овој линк можете да видите и да си играте и истражувате за звуците , нивната фрекфенција и др.
https://www.szynalski.com/tone-generator/

Friday, 5 April 2019

ДОМАШНА РАБОТА ПО ФИЗИКА 9 ЕЛЕКТРОМАГНЕТИЗАМ


Домашно 33 – Невидливи сили
1.
Две топчиња се наоѓаат на растојание од 3 m. Да се одреди силата на заемно дејство на топчињата во вакуум (), ако едното топче е наелектризирано со количество електрицитет од , a другото со .
2.
Две топчиња (од срцевина на боз) се наелектризирани со еднакви количества електричество од по . Да се одреди силата на заемното дејство на топчињата, ако нивното централно растојание е 5 сm и ако .
3.
Две мали топчиња се наоѓаат во вакуум на растојание r = 2 cm едно од друго. Со колкава сила тие се привлекуваат, ако едното е наелектризирано со количество електричество q1 = 20 µC, а другото со q2  = - 30 µC? ()

Домашно 34 – Невидливи сили и полнежи
1.
Две наелектризирани топчиња се наоѓаат во воздух на меѓусебно растојание од 2 m и се привлекуваат со сила од . Едното топче е наелектризирано со количество електричество од . Со колкаво количество електричество е наелектризирано другото топче? ()
2.
Две топчиња се наелектризирани со количества електричества   + 5 · 10-7 C  и - 5 · 10-7 C.  Колкаво е растојанието меѓу топчињата во вакуум? Силата на взаемно дејство на топчињата има интензитет  9 · 10-5 N. ()
3.
Две наелектризирани топчиња се привлекуваат со сила со интензитет  од 4 · 10-6 N. Топчињата се наоѓаат на растојание од 2 m. Колку изнесува наелектризирањето на едното топче, ако наелектризирањето на другото топче изнесува ? Топчињата се наоѓаат во вакуум и .

Домашно 35 – Невидливи сили во електростатиката
1.
Две наелектризирани топчиња се оддалечени 0,5 m и се привлекуваат со сила од 0,1 mN. Да се одреди јачината на привлечната сила, ако растојанието меѓу топчињата е 1 m.
2.
Две еднакви мали топчиња се наоѓаат во воздух на меѓусебно растојание r. Едното топче е наелектризирано со количество електричество q1 = + 20 µC, а другото со q2  = + 30 µC. Топчињата се допираат едно до друго, а потоа се враќаат во претходната положба. Колкав е односот на силите со кои се одбиваат топчињата пред и после допирот?
3.
Две наелектризирани топчиња се наоѓаат на растојание од 0,5 m. Како ќе се промени интензитетот на Кулоновата сила, ако растојанието меѓу топчињата се намали на 0,2 m?

Домашно 36 – Електрично поле и струјни кола
1.
На тело со количество електричество од 2 C, електричното поле дејствува со сила од 4,2 N. Да се одреди јачината на електричното поле?
2.
Во електрично поле со јачина од  се наоѓа тело наелектризирано со 3 µC количество електричество. Да се одреди силата на електричното поле? Што ќе се промени кај силата на електричното поле ако телото е наелектризирано со - 3 µC количество електричество?
3.
Електрично поле со јачина од  дејствува со сила од 1,8 N на едно наелектризирано тело. Со колкаво количество електричество е наелектризирано телото?
4.
На тело кое е наелектризирано со количество електричество од  1,5 C дејствува електрично поле со сила со интензитет од  4,5 N. Да се одреди интензитетот на јачината на електричното поле?
5.
Со колкава сила дејствува електрично поле со јачина од 15  на топче наелектризирано со количество електричество од 15 mC?
6.
Тело наелектризирано со количество електричество од 4 µC се наоѓа во електрично поле. Колкава е јачината на полето каде се наоѓа телото, ако на него дејствува полето со сила од                    6 mN?

Домашно 37 – Јачина на струја
1.
За две минути низ напречниот пресек на спроводникот поминува количество електричество од 240 С. Колкава е јачината на струјата?
2.
Колкаво количество електричество изразено во кулони, поминало за три секунди низ напречниот пресек на спроводникот низ кој тече струја со јачина од три ампери?
3.
Колкаво количество електричество ќе протече за време од  6 минути низ напречниот пресек на спроводникот, ако јачината на струјата е 4 А?
Домашно 38 – Јачина на струја
1.
Колкаво количество електричество поминува низ напречниот пресек на спроводник за време од 1 минута, ако низ него тече струја со јачина од 15 A?
2.
Ако низ спроводникот протекува електрична струја со јачина од  1 A, колкаво е количеството електричество кое ќе помине низ напречниот пресек за 1 минута?
3.
За кое време низ напречниот пресек на спроводник ќе помине количество електричество од                  10 C, ако јачината на струјата е   50 mА?
Домашно 39 – Јачина на струја
1.
Низ напречниот пресек на еден спроводник тече постојана струја и за време од 3 секунди протекува количество електричество од  0,12 C. Колкаво количество електричество ќе протече за  8 секунди? Да се одреди јачината на струјата низ спроводникот.
2.
Низ еден спроводник тече струја со јачина од 2 А и за некое време низ напречниот пресек на спроводникот ќе протече количество електричество од 5 C. За истото време, низ друг спроводник тече струја со јачина од 5 А. Колкаво количество електричество поминува низ напречниот пресек на другиот спроводник?
3.
Низ една електрична светилка поминува количество електричество од 450 C за време од 5 минути, а низ друга електрична светлика поминува количество електричество од 15 C за време од  10 секунди. Во која електрична светилка јачината на струјата има поголема вредност?
Домашно 40 – Јачина на струја
1.
Колкава е јачината на струјата што поминува низ електрична светилка, ако стрелката на амперметарот се поместила на третиот поделок, а вредноста на еден поделок е 0,05 А?
2.
Низ напречниот пресек на еден спроводник за време од 1 минута поминува количество електричество од 6 C, а истото количество електричество поминува низ напречниот пресек на друг спроводник за три пати помало време. Колку пати струјата во вториот спроводник е појака од струјата во првиот спроводник? Да се одреди јачината на струјата во секој спроводник.
3.
Јачината на електричната струја во еден спроводник се менува според равенката , каде што I е јачина на струјата изразено во ампери, а t  е времето изразено во секунди.
а) Да се одреди количеството електричество што поминува низ спроводникот во временски интервал од  до .
б) При која постојана струја низ спроводникот за истото време ќе помине исто количество електричество?
Домашно 42 – Електричен отпор
1.
Колкав е електричниот отпор на бакарна жица која е долга 10 m и со плоштина на напречниот пресек од 1 mm2 ()
2.
Живин столб со должина од 1 m и плоштина на напречниот пресек од 0,5 mm2 создава електричен отпор од 1,9 . Да се одреди специфичниот отпор на живата?
3.
Колкава плоштина треба да има напречниот пресек на железна телефонска жица долга 400 km за да има отпор од 40 ? ()
4.
Напречниот пресек на еден спроводник од манганин е круг со дијаметар од 1 mm. Отпорот на спроводникот е 0,6 . Да се одреди должината на спроводникот? ()
5.
Во телеграфски спроводник од бронза со должина од 3,6 km и плоштина на напречниот пресек од 2 mm2 се создава електричен отпор од 7,128 . Да се одреди специфичниот отпор на бронзата?
Домашно 43 – Електричен отпор
1.
Колкав е отпорот на бакарен спроводник со должина од 24 m и плоштина на напречен пресек од 0,4 mm2  вграден во електрично ѕвонче? Да се одреди плоштината на напречниот пресек на алуминиумски спроводник што има еднаков отпор и еднаква должина како бакарниот спроводник? (и )
2.
Два спроводника се од ист материјал. Едниот има должина од 4 m и плоштина на напречниот пресек од 0,12 cm2, а другиот е со должина од 50 cm и плоштина на напречниот пресек од 3 mm2. Кој спроводник има поголем отпор и колку пати?
3.
Еден спроводник има должина од 40 m и плоштина на напречниот пресек од 1 mm2 , a друг спроводник е направен од ист материјал и има плоштина на напречниот пресек од 0,5 mm2. Да се одреди должината на вториот спроводник, ако тој создава ист отпор како и првиот спроводник?
4.
Отпорник со лизгач е направен од никелинска жица, чиј отпор е  63 . Да се одреди должината на употребената жица, ако плоштината на напречниот пресек е 0,8 mm2 ?( )
5.
Да се одреди должината на бакарна жица со плоштина на напречниот пресек од 0,2 mm2 , така што таа да има еднаков отпор со отпорот на железна жица со должина од 250 m и плоштина на напречниот пресек од 1 mm2 ?    (, )
Домашно 44 – Отпор при различно поврзување на потрошувачи
1.
 Колкав е вкупниот отпор, ако сериски се врзани отпорници со отпори:  и ?

2.
 Колкав е вкупниот отпор, ако паралелно се врзани отпорници со отпори:  и ?

3.
 Колкав е вкупниот отпор, ако сериски се врзани отпорници со отпори:  ,  и ?

4.
 Колкав е вкупниот отпор, ако отпорниците со отпори:  ,  и  се врзани паралелно?

5.
 Дадени се три отпорници, чии отпори се  ,  и . Да се одреди вкупниот отпор на дадените отпорници, ако тие се врзани:     а) сериски       б) паралелно?
6.
 Да се одреди вкупниот отпор на отпорниците во секоја од дадените шеми, ако  ,  и ?

а)
б)
7.
Да се одреди непознатиот отпорник  за шемата прикажана на сликата, ако  и вкупниот отпор е ?

8.
Да се одреди непознатиот отпорник  за шемата прикажана на сликата, ако  и вкупниот отпор ?


Домашно 45 – Електричен напон
1.
Во електричното поле електричните потенцијали на две точки се 80 V и – 16 V. Да се пресмета напонот меѓу тие точки?
2.
Потенцијалот во една точка на електричното поле е 5 V, а во друга точка е  - 5 V. Колкав е електричниот напон помеѓу овие точки?
3.
Напонот меѓу две точки во електричното поле е 33 V, а електричниот потенцијал во една точка е 22 V. Да се одреди потенцијалот во другата точка?
4.
Потенцијалите што ги создаваат позитивно и негативно наелектризирано тело во точката А изнесуваат 14 V и 9 V, а во точката В изнесуваат 3 V и - 17 V. Да се пресмета напонот меѓу точките А и В?
5.
Колкав напон има меѓу две точки во електричното поле, ако при преместување на наелектризирано тело со количество електричество од 150 µC меѓу тие две точки се изврши работа од 135 Ј?
6.
Колкава е работата на електрично поле при поместување на наелектризирано тело од една точка на полето во друга точка, ако напонот меѓу точките е 70 V? Количината на наелектризирање на телото е 1 mC.

Домашно 46 – Омов закон
1.
Низ електрично струјно коло протекува струја со јачина од 5 А. Да се одреди потенцијалната разлика на краевите од отпорникот чиј отпор е 0,5 ?
2.
Колкава јачина има струјата што минува низ спроводник со отпор од 50 , ако разликата на потенцијалите на неговите краеви е  100 V?
3.
Низ жицата од едно решо протекува струја со јачина од 4 А, а напонот на краевите на жицата е 220 V. Да се одреди отпорот на жицата?
4.
Со помош на волтметар и амперметар треба да се одреди електричниот отпор на влакното од една електрична светилка. Да се нацрта шема на поврзување на волтметарот и амперметарот. Колкав е отпорот на влакното, ако амперметарот покажува 0,5А, а волтметарот покажува 200 V?
5.
Колкав напон е потребен, низ спроводник со отпор од 5  да протекува струја со јачина од 1 А?
Домашно 47 – Напон
1.
Низ две електрични светилки поминува струја со иста јачина. Едната светилка е приклучена на напон од 110 V, а другата на напон од 220 V. Која светилка има поголем отпор и колку пати?
2.
Да се одреди специфичниот отпор на спроводникот со должина  0,42 m и плоштина на напречниот пресек од 0,35 mm2, ако при напон од 0,6 V низ него протекува струја со јачина од 500 mA?
3.
Отпорникот на човечкиот организам е 8000 . Напонот што предизвикува смрт изнесува 200 V. Притоа, колкава е јачината на електричната струја?
4.
На бакарен спроводник со должина од 5 km и плоштина на напречниот пресек од 0,25 cm2 протекува струја со јачина од 2 А. Колку изнесува напонот на краевите на спроводникот? ()
5.
Во прав спроводник од константан со плоштина на напречниот пресек од 1 mm2, јачината на струјата е 1 А. Да се одреди должината на спроводникот, ако напонот меѓу неговите крајни точки е 1 V? ()
Домашно 48 – Струјни кола
1.
Да се определи јачината на струјата што тече низ колото, како и напоните  и  при:

2.
 Јачината на струјата во првата гранка е , а во втората гранка е . Да се пресмета отпорноста во првата гранка, ако во втората гранка, отпорноста е !
3.
Што ќе покажува амперметарот А, а што ќе покажува волтметарот V2 во дадената шема, ако волтметарот V1  покажува напон ?

4.
Според податоците на шемата да се одредат напоните ,  и ?

5.
Во струјно коло паралелно се врзани три отпорници чии отпори се 1 , 2  и 3 . Ако низ отпорникот со отпор 3   минува струја со јачина од 3 mA, тогаш колкава е јачината на струјата што минува низ другите два отпорника?

Домашно 50 – Резиме за магнети
Да се опишат основните своства на магнетите и основните карактеристични големини кои важат за магнети: магнетна индукција, магнетен флукс, магнетна сила.
Домашно 51 – Магнетно поле
1.
Колкав е интензитетот на векторот на магнетната индукција, ако флуксот низ нормалната површина од 1 dm2, е еднаков на 0,04 Wb?
2.
Хомогено магнетно поле е со индукција од . Колкава е големината на површината која е нормална на линиите на полето, ако магнетниот флукс низ таа површина е  1,2 mWb?
3.
Колкава површина опфаќа спроводник во хомогено магнетно поле со индукција од 0,14 T, ако флуксот на полето низ таа површина е 0,042 Wb? Линиите на полето се нормални на таа површина.
4.
Да се одреди индукцијата на хомогено магнетно поле, чии линии на полето се нормални на површината која ја опфаќа спроводникот. Флуксот низ површината е 10-3 Wb, а површината е 0,04 m2.
5.
Колкава е површината што ја зафаќа спроводник со форма на рамка во хомогено магнетно поле со индукција од , ако магнетниот флукс низ таа површина е ?
Домашно 52 – Карактеристични големини на магнети
1.
Во хомогено магнетно поле се наоѓа обрач од жица. Радиусот на кругот е 10 cm, а индукцијата на магнетното поле е . Линиите на полето се нормални на површината опфатена со обрачот. Да се одреди флуксот на магнетното поле опфатено со обрачот?
2.
Спроводник свиткан во форма на квадратна рамка со страна од 20 cm се наоѓа во хомогено магнетно поле со магнетна индукција . Колкав е магнетниот флукс?
3.
Магнетниот флукс низ површина од  е . Колкава е магнетната индукција на ова хомогено магнетно поле, ако силовите линии се нормални на дадената површина?
4.
Хомогено магнетно поле со индукција од  е нормално на површина на квадрат со страна од 10 cm. За колку ќе се промени флуксот на ова поле, ако страната на квадратот се зголеми за                 5 cm?
5.
Магнетната индукција на хомогено магнетно поле изнесува . Колкава ќе биде промената на магнетниот флукс, ако нормално на силовите линии,  наместо квадратна рамка со страна  од             30 cm се постави правоаголна рамка со страни од 15 cm и од  20 cm?

Домашно 53 – Повторување на изучениот материјал од оваа тема