Monday, 7 May 2018

прашања за тест за 9 одд ЗВУК

Осцилации и бранови. Звук


1.  Наведи неколку примери (3) кога тела изведуваат механички осцилации.

2.  Кое движење сме го нарекле периодично движење?


3.  Обиди се да ги објасниш поимите: осцилација, елонгација, амплитуда, период на осцилирањето, фреквенција.


4.  Како го опишавме математичкото нишало?


5.  Која појава сме ја нарекле механичка резонанција?


6.  Што е бран или браново движење?


7.  Како сме ги поделиле брановите?


8.  Што е брег, а што дол?


9.  Што означуваат знаците во равенката v = λ /T , 
v - _______, λ - _____________, T - _______?


10. Кои се заеднички својства на сите бранови?


11. Кое тело сме го нарекле звучен извор?


12. Како сме го поделиле звукот?


13. По што се разликува секој тон?


14. Што е праг на чујност?


15. Во какви бранови спаѓа звучниот бран?


16. Од што зависи брзината на звукот низ воздух?


17. Што е инфразвук, а што ултразвук?


18. Која наука го проучува звукот?


19. Кои се карактеристиките на тонот?


20. Со што е определена брановата должина?


21. Има случаи кога не се слуша тонот иако прачката осцилита, а сие случаи се _______.


22. Што е ехо и каде наоѓа примена?


23. Како настануваат трансферзалните бранови?


24. Како настануваат лонгитудиналните бранови?



1. Покрај определена точка во една секунда поминуваат 50 бранови со должина од 2 метри. Твоја задача е да ја определиш фреквенцијата и брзината на бранувањето.


2. Пресметај колку изнесува длабочината на морето ако мерачот на длабочини по испраќањето на звучниот бран, одбиениот бран му се вратил по 200 милисекунди. (брзината на звукот во водата е 1400 m/s)


3. Најди ја фреквенцијата на бранот ако неговата брзина на движење е 36 km/h, а неговата бранова должина е 2 метри.


4. Миле удира на една метална ограда која е оддалечена 200 метри од ѕидот. По секој удар тој го слуша одекнувањето 1,2 секунди подоцна. Пресметај ја брзината на звукот.


5. Кога ќе се удри едниот крај на мостот, по 2 секунди звукот ќе се чуе на другиот крај од мостот. Колку е долг мостот ( v = 4800 m/s ) ?


6. Брзината на звукот во воздух изнесува 340 m/s , звучните бранови на тамбурата се со должина од 2m. Пресметај ја фреквенцијата на бранувањето од тамбурата?
7. Во едно стаклено ѕвоно е ставен часовник – будилник. Размислете дали ако од ѕвоното се извлече воздухот со помош на вакум пумпа, будилникот ќе може да не разбуди?



No comments:

Post a Comment